еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стејт департментот ја критикува Бугарија за дискриминација на Македонците кои живеат таму

Бугарија има значителни проблеми со човековите права, стои меѓудругото во годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во земјата минатата година.

Во извештајот Стејт департментот ја критикува Бугарија за дискриминација на етничките Македонци кои живеат таму.

Се посочува дека бугарските власти продолжуваат да го спречуваат регистрирањето на здруженијата на етничките Македонци, како што се ОМО Илинден, Друштвото на угнетени Македонци, жртви на комунистички терор, Граѓанско здружение за заштита на фундаменталните индивидуални човекови права и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, и покрај 14-те претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права во врска со нарушувањето на слободите на здруженијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стевановиќ: Дебелината сериозен ризик при заболување од Ковид-19

Редакција

Второто полугодие почнува со физичко присуство, ќе се прави склучаен скрининг на учениците

Редакција

„Градежна мафија и слаби институции во држава каде владее мафијата“: Груевски за пресудата за „Космос“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница