еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителката од СЈО, Стефанова: Имам овластување да ја водам постапката за „Титаник“

Јавната обвинителка Лиле Стефанова смета дека има овластување да ја води постапката по предметот „Титаник“, но и дека треба сериозно да се погледнат укажувањата на одбраната изнесени на денешното рочиште.

Стефанова, по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник“ на СЈО, каде таа е застапник на обинението, посочи дека одбраната не побарала изземање на неа или на Катица Јанева, туку изнела повеќе околности заради кои бара прекинување на расправата.

– Сметам дека сите тие укажувања треба сериозно да се размислат и да ги погледнеме. Колегиумот на јавни обвинители во СЈО да ги разгледа и да донесеме заеднички заклучок како понатаму ќе постапуваме. Денеска не беше побарано мое изземање. Не беше побарано изземање на Катица Јанева, туку беше побарано прекин на постапката, изјави Стефанова.

Прашана дали обвинителката Елизабета Јосифовска има право да ја менува Катица Јанева, Стефанова, рече дека таа нема такви права.

– Во судница нагласив. Јас лично сметам дека имам овластување да ја водам постапката и денеска да постапувам, меѓутоа сакам да дадам простор да размислиме убаво и да видиме што понатаму, изјави Стефанова.

МИА/Фото: 1ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Титаник“: Одбраната побара прекинување на постапката поради притворот на Јанева

Судот и ја отфрли жалбата на Јанева за определениот притвор

За синот на Катица Јанева нема доволно докази дека е вмешан во „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 6.013: Од Ковид-19 починаа 26 лица, најмладиот на 23 години

Редакција

Убава вест: 103 оздравени од Ковид-19

Редакција

Фетаи: Сите мои предмети се чисти, продолжувам да работам со Катица Јанева

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница