еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стојко Пауновски се заблагодари за поддршката на „пркосот“: Сакав да ја одбранам професионалноста, премиерот немаше разбирање

Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот „пркос“ ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна европска институција, напиша на Фејсбук, Стојко Пауновски, кого денеска Владата го разреши од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

„Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот.

При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен.

Горд сум на се што направивме заедно!

Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав“, напиша Пауновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Простете им, не знаат што прават“, вели Пауновски, кој по разрешувањето се враќа во УЈП во Тетово

Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат

Фото: Фејсбук/Пауновски/СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир стигна до 413 активни случаи на корона вирусот: Детален преглед по скопските општини

Редакција

25-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Кичево

Редакција

Алармантна е состојбата со Ковид-19 во Велес, недостига медицински персонал

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница