еМагазин
Image default
Македонија

Струмичанецот Стојан Витанов именуван за генерален конзул во Венеција

Владата на последната седница донела одлука за именување на Стојан Витанов за генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на нашата земја во Италијанската Република со седиште во Венеција.

Стојан Витанов и стана познат на македонската јавност во 2017 година откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев како обвинет одложил судско рочиште за случајот „Поткуп“ со изговор дека морал да се сретне со италијански дипломат, а всушност бил на средба со својот сограѓанин и близок соработник.

Италијанската амбасада тогаш демантира каква било средба меѓу нивен дипломат и Заев.

Витанов во тој период бил ангажиран како надворешен конзуларен коренсподент во Италијанската амбасада на доброволна основа и немал никакви дипломатски овластувања.

Фото: Фејсбук/Стојан Витанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако за земјите од Западен Балкан се инсистира прво да ги решат билатералните спорови, тогаш ниту една нема да влезе во ЕУ, порача Пендаровски

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 21 лице, изречени 584 казни за неносење маска

Редакција

Дали во Македонија е регистрирана подваријанта на омикрон ќе се знае следната недела

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница