еМагазин
Бизнис

Струмичко “Единство“ лани со добивка

Единство АД Струмица лани оствари добивка, соопшти друштвото преку Македонската берза.

-Приходите од домашен пазар на друштвото се намалени, приходите од странски пазар се зголемени за 22%, кај останатите приходи постои намалување, главно поради примената финансиска помош претходната година.

Во тековната 2022 година, приходите од домашен пазар учествуваат со 16% од вкупниот процент на приходи, 80% припаѓаат на приходите од странски пазар, 4% на останати приходи и малку над 0% на финансиските приходи.

Во најголем дел, приходите претпријатието ги оствари од производство на текстилна облека за странскиот пазар. Меѓу најголемите купувачи се Тарнер Вир и Кашкет од Обединетото Кралство.

Трошоците за суровини, материјали и резервни делови се зголемиле за 56%, услужните трошоци се намалиле за 14%, трошоците за плати се намалиле за 7%, останати трошоци се намалиле за 10% и финансиски трошоци се зголемиле за 22%, велат од друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичко Единство во првите девет месеци со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка склучи договор со “The Romanian Mint„, вреден 536,4 илјади евра

Редакција

Агент за недвижности за еден стан земал капар од повеќе купувачи: Парите ги нема

Редакција

Инвестиција од 100 милиони евра: Турската Шахтерм почна да гради фабрика во ТИРЗ Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница