еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Студен ветер, снег и поројни дождови: Од утре минусни температури

Снег на планините, поројни врнежи наместа пообилни проследени со ветер над 70 километри на час, најавуваат метеоролозите за утре.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни над 20 л/м2 проследени со силен ветер над 70 км/час.

На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Соопштуваат дека поради продор на многу студена воздушна маса од север утре попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување.

Во деновите од викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка.

Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унковски до Филипче: Дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно „Бушавата азбука“

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

Десет патници повредени во судир на возило на МЖ Инфраструктура и комбе кај Порцеланка во Велес

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница