еМагазин
Свет

Студија: Заразените со Ковид-19 без симптоми имаат 42% помали шанси да го пренесат вирусот

Асимптоматските случаи на коронавирусот сè уште се енигма за научниците, но универзитетот во Австралискиот Голд Коуст, во поширокиот регион на Бризбејн, заклучи дека луѓето без симптоми имаат 42 отсто помали шанси да го пренесат Ковид-19.

Според студијата предводена од Ојунгерел Бјамбасурен, истражувач од Универзитетот Бонд во Голд Коуст, луѓето кои имаат Ковид-19, но немаат симптоми, имаат значително помала веројатност да ја пренесат заразата на друго лице.

Во анализа која опфатила 13 студии и 21.708 случаи, пресметано е дека 17 проценти од пациентите немаат никакви симптоми на Ковид-19, додека во некои претходни студии беше споменато дека оваа бројка може да достигне до 81 процент, објави веб страницата nature.com.

Истражувачки тим од Женева, Швајцарија, се обиде да утврди колкава е заразноста меѓу луѓето што живеат во едно домаќинство.

Нивниот заклучок е дека лице без симптоми кое е позитивно на Ковид-19 има една четвртина помалку шанси да го пренесе коронавирусот во споредба со лице кое има симптоми.

– Ако асимптоматските случаи навистина слабо го пренесуваат Ковид-19, тогаш тие не се никакви тајни преносители на вирусот. Тие не кашлаат, не киваат и веројатно не оставаат патогени на разни површини, како што тоа можат да го направат пациентите со симптоми, вели Бјамбасурен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што знаеме за вакцината „АстраЗенека“ и колкав е ризикот?

Редакција

(Вознемирувачко видео) Талибанците влегоа во Кабул и тврдат дека цел Авганистан е под нивна контрола, претседателот избега

Редакција

(Видео+фото) „Падна“ Азовстал, последниот бастион на отпорот против руската армија во Мариупол

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница