еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „27 април“: И поранешниот шофер на Чавков го негира исказот на Нинџа

Со исказ на двајцата сведоци на обвинетиот Душко Лазаров во Кривичниот суд ќе продолжи денешното рочиште за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Како што информира претседателот на судечкиот совет Добрила Кацарска пред паузата, денеска ќе се сослушуваат сведоците Ѓорѓи Симоновски и Трајче Георгиев на обвинетиот Лазаров, а утре третиот негов сведок по што ќе се продолжи со испитување на сведоците на обвинетиот Горан Ѓошевски меѓу кои е и поранешниот претдсетател на Собранеито на Република Македонија Трајко Вељаноски.

Пред паузата сведочеше Вангел Цакончев, кој на 27 април го возел ВИП возилото „мерцедес Ц500“, во кое се возел тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков. Тој во целост го потврди исказот што го даде сведокот Никола Димитриевски, личното обезбедување на Чавков.

Цакончев негираше дека во екипата што го обезбедувала Чавков имало и четврто лице, Ване од Струмица, како што тврдеше обвинетиот Александар Василевски Нинџа кога вкрстено го испрашуваше.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење „27 април“: Чавков околу 18 часот бил во неговата канцеларија во „Технометал Вардар“, вели негов поранешен обезбедувач

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нашата држава се вика Република Северна Македонија, а не „Република С.Македонија“, вели Заев

Редакција

Општините Струмица и Карпош го напуштаат ЗЕЛС, незадоволни се од индиферентниот однос

Редакција

Најчесто кардиоваскуларна болест: 69,5% од починатите од Ковид-19 биле со претходни заболувања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница