еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судење за „Софтвери“: Вештак сведочеше дека софтверот што Рашковски го набавил за МВР не функционирал

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи рочиштето за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Вештакот на Јавното обвинителство, Мане Пиперевски констатира дека софтверот што Рашковски го набавил како генерален секретар на Владата од фирмата „Инвока груп“ не работел.

Според Пиперевски, во доставената документација од Владата за софтверот лозинката не била точна, па вештакот морал преку адвокатите да дознае од обвинетите, која е точната лозинка за да може да го отвори системот.

По инсталирањето, како што вели тој, се појавила грешка поради која не можело софтверот да се стави во функција и да се продолжи со детална проверка на неговата функционалност.

Вештакот не можел да провери дали навистина софтверот мери брзина, констатира прекршоци кај возачи, но и да детектира дали некое возило е регистрирано или украдено, поминува на црвено светло, погрешно се престројување или има сообраќаен метеж…, поради тоа што софтверот не можел да се вклучи.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Во истиот случај се обвинети и И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени даночните пријави на Трамп од 2015 до 2020 година

Редакција

Притвор од 30 дена за сопственикот, раководителот и возачот на на „Дурмо Турс“

Редакција

Засега не се планира ПЦР-тестови за учениците, вакцинирани околу 65% од вработените во училиштата и градинките

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница