еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судењето против сопственикот на „Доказ“ одложено, Стаменковски бара обвинител од друг град

Судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела се одложи за 10 март, откако бранителот на обвинетиот побара изземање на сите обвинители од Скопското обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката.

Судот потоа информираше дека ќе чека Вишото Јавно обвинителство да одлучи по ова барање, односно, дали ќе се прифати барањето за изземање на Скопското обвинителство.

На почетокот на првото насроченото рочиште денеска јавната обвинителка, Зорица Павловиќ предложи до судот јавноста да се исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“.

Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста.

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Пријавите се од две новинарки од неделникот „Фокус“ и еден владика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за сопственикот на порталот „Доказ“, формиран и нов предмет

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новогодишна распродажба на автомобили во НБРМ: „Ауди“ за 5.669 евра, „Цитроен Ц4“ за 2.014 евра

Редакција

Кирил Петков се заблагодари на Македонија што го откри сторителот на подметнатиот пожар

Редакција

Нови 1.511 случаи со Ковид-19 од 4.445 тестирања, а бројот на активни случаи изнесува 19.262

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница