еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ одложено за 19 март

Судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, се одложува за 19 март.

На денешното рочиште не беше присутен претставникот на обвинетото правно лице Наум Стоилковски, за кој судот информираше дека е уредно повикан.

– Судот констатира дека заради отсуство на претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ главната расправа се има одложено повеќе пати и затоа го опоменува.

Судот го задолжува претставникот да ги надомести трошоците за оваа главна расправа, изјави судијата Османи Шабани.

Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристоска.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари 2019 година.

Во случајот обвинети се Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, обвинети само за делото „перење пари“.

Чингаровска призна вина и се спогоди со Обвинителството, за што доби условна казна од две години.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна правната разврска за собраниските случувања на 27 април: Предизвик и искушенија за судството и 33. обвинети

Редакција

Јахоски не ја напуштил пратеничката група на ДУИ, на веб страната на Собранието е направена техничка грешка

Редакција

Ревакцинирани вкупно 547.105 граѓани: 28% од населението од 18 до 39 години вакцинирано со барем една доза

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница