еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Титаник“ продолжи со изведување докази

Со изведување на материјални докази денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 5.400 од над 5.900 предложени материјални докази од обвинителството.

Се изведуваат скенирани документи од судски записници и решенија, како и лични документи, барања и одлуки.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за потоа да го преземе државното Јавно обвинителатво.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виктор Габер ги предводи нашите експерти: Формиран македонско-грчкиот комитет за ревизија на историјата

Редакција

Денеска треба да почне судењето на Васил Јованов за сообраќајката во која ја усмрти Фросина Кулакова

Редакција

6.500 службени возила ќе добијат специјални регистарски таблички во боја, за да се спречи злоупотреба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница