еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Титаник“ одложено поради здравствени пречки на двајца од обвинетите

Следното рочиште по предметот „Титаник“ закажано за утре, се одлага за 12 ноември, поради здравствени пречки на двајца од обвинетите, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 7/18, од обвинителството означен како „Титаник“ ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 05.11.2020 година се одлага заради здравствени пречки на двајца од обвинетите, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Во случајот „Титаник“ освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 за 24 часа починале 9 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција

Антикорупциска со прекршочни глоби за неподнесување анкетни листови, повеќето за екс-директори

Редакција

Филипче: Сакам да им се заблагодарам на медиумите за коректниот однос во изминатиот период

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница