еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот почнува на 5 септември

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во градскиот парк во Скопје, почнува на 5 септември.

Случајот, како што потврдуваат за МИА од Основниот кривичен суд Скопје ќе го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

Обвинетите за убиството се Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт обвинетите се товарат дека на 7 април пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски адвокат ја оспори одлуката за референдумот за името пред Уставниот суд

Редакција

47 пациенти ќе бидат испратени на лекување во странство, на помош ќе дојдат лекари од Израел, Србија и Чешка

Редакција

Пороен дожд вечерва низ Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница