еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Психијатар и психолог сведочеа на денешното рочиште за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 9 ноември, откако денеска од страна на одбраната беа изведени докази во Основниот Кривичен суд Скопје.

На судењето беа повикани д-р Зора Митиќ, вешто лице психијатар и д-р Соња Ефтимова, специјалист по психологија кои ја анализираа психолошката состојба на Анџело Ѓоргиевски, еден од обвинетите во процесот.

Митиќ посочи дека Анџело имал лузни на десната рака, истата со која му го задава првиот удар на Тот. Според неа, мускулатурата на овој екстремитет му е слаб, што би значело и дека ударот бил слаб.

На судењето сведочеше и Сања Ефтимовска – специјалист по медицинска психологија. Таа го опишуваше Ѓоргиевски како лице кое е пасивно во стресни ситуации.

-Се работи за личност со здраво-разумско логично размислување со сочуван тест на реалноста и способност за компензирано однесување. Во стресни ситуации и фрустрациони, луѓето различно реагираат, се виде дека Анџело е склон кон пасивизација, пие и лекови, доминираат симптоми од невротски тип состојба во која некој се повлекува некој напаѓа, тој е од тие типови кои пасивизираат, изјави Соња Ефтимова.

Повиканите сведоци за кои беше предвидено да присуствуваат на денешното рочиште, не беа присутни.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари чувале лани граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје

Редакција

34-годишник и неговата фирма ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци на тројца лекари

Редакција

Обвинителството тврди дека Палевски го вози „реното кангу“ на денот на грабнувањето на Вања, неговата одбрана негира

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница