еМагазин
Image default
Македонија

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на Основниот суд во Куманово 

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана Манев за претседателка на Основниот суд во Куманово.

Со девет гласа за и еден против, Манев беше избрана, бидејќи, според Советот, била единствен кандидат и ги исполнувала сите услови наведени во огласот.

Таа досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Основниот суд во Куманово.

За судијката Манев неодамна во јавноста имаше реакции по дописите од Министерството за правда со кои се бараше Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијката Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет.

Судскиот совет реагираше на изјавата на министерот за правда Кренар Лога, оценувајќи дека ова прашање е во надлежност на Институтот.

На денешната седница беше повторно донесена одлука да има оглас за избор на претседател на Основниот суд Велес, бидејќи единствениот пријавен кандидат на претходниот оглас немал доставено уредна документација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за имунитет на Ковид-19 на населението во земјава, најави Петличковски

Редакција

Димитров: Сенатот на Шпанија на 17 март ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Редакција

Грците за „контраверзната“ изјава на Заев му се пожалиле и на Димитров

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница