еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судот во Стразбур засега ги спаси предметите на СЈО

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери.

ЕСЧП одлучуваше по жалбата поднесена од осумина граѓани на Македонија од 2020 година.

Одлуката на Судот е достапна на следниот линк.

Станува збор за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од април 2016 година.

Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување.

Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот во Стразбур оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред домашните судови, вели судијката Лазарова-Трајковска

Ќе паднат ли предметите на СЈО: Судот во Стразбур денеска ќе се изјасни за поништената аболиција на Иванов

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1. јули рестораните работат и на затворено со исполнетост до 40%, одлуката не важи за дискотеките, кабареата и клубовите

Редакција

Несудениот новинар: Кој е Артан Груби, „првиот вицепремиер“ и министер за политички систем

Редакција

Шест лица даруваа крвна плазма, досега се обезбедени 52 единици за третман на пациенти со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница