еМагазин
Image default
Македонија

Судска опомена за градоначалникот Курто Дудуш, кој призна дека го нападнал Демир Исмаил

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш доби судска опомена откако денеска на судењето призна дека го нападнал Демир Исмаил на одржувањето на ромскиот бал и изрази жалење за стореното дело.

Против Дудуш има уште една судска постапка, во која Исмаил бара отштета од градоначалникот.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа што Дудуш за физички напад добил само судска опомена.

„Да потсетиме дека насилникот, градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш во неколку наврати напаѓа и тепа граѓани, но тоа не е доволно судот да го осуди за кривично дело, туку само му дава  опомени,“ рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Фејсбук/Дудуш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспектори им „прогледувале низ прсти“ на менувачници кои немале дозвола за работа

Редакција

Осум медицински лица од гостиварската болница заразени со Ковид-19

Редакција

Протесна нота од Бугарија за Македонија оти на Деве Баир била запрена пратка од 920 бугарски книги

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница