еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судски совет ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова

Судскиот совет на денешната седница донесе едногласна одлука да ја разреши од функцијата врховната судијка Лидија Неделкова.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев по завршувањето на седницата изјави дека Неделкова е разрешена и суспендирана, односно времено оддалечена од извршувањето на судиската функција до правосилноста на одлуката.  

-Констатиравме дека она што е утврдено во Извештајот на Комисијата составена од тројца членови на Судски совет е основано. Основано е дека тоа се факти кои се утврдени врз основа на изведени докази, и тоа на секој доказ поединечно, на сите докази заедно, како и врз основа на резултатите од целокупната постапка, изјави Здравев. 

Тој, информира дека против оваа одлука судијката Неделкова има право на жалба до Советот при Врховниот суд. 

Одговарајќи на новинарско прашање зошто е разрешена судијката Лидија Неделкова, Здравев рече дека причините се „ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзините работни обврски, повреда на Судскиот деловник односно Кодекс за судиска етика“. 

Неделкова беше еден од тројцата кандидати за претседател на Врховен суд. Судскиот совет во петокот ја избра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд.

МИА/Фото: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицајци со пукање спасувале „жива глава“ од толпа во Струмица

Редакција

Рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години, Уставен ги укина измените на Законот за облигацините односи

Редакција

САД забрани увоз на руска нафта и гас

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница