еМагазин
Image default
Македонија

Судски совет постапува по случајот „Палермо” за судијата Лазар Нанев

Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на судијата Лазар Нанев на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Италија и Македонија, информираат од Судскиот совет.

– Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, Советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста, соопштија од Судски совет.

Од таму додаваат дека во врска со евентуално прекршување на етичките норми во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаат предвид.

Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај, навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фетаи и Тупанчевски на свој трошок го следеле фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација во Палермо

(Видео) И Фатиме Фетаи ги бодреше македонските фудбалери во Италија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изборен мониторинг на АВМУ: Избалансираност кај јавниот сервис, непропорционалност во известувањето на комерцијалните телевизии

Редакција

Бројката на заболени од корона вирусот останува на 35, но се тестираат 30 лица

Редакција

Има осомничен и за пожарот во Старо Нагоричане: Приведен албански државјанин за подметнување пожар во Гостиварско

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница