еМагазин
Image default
Македонија

Судскиот совет ја констатираше оставката на судијата Владимир Туфегџиќ

Судскиот совет на денешната седница констатира престанок на судиската функција на судијата Владимир Туфегџиќ, судија во Основен кривичен суд Скопје, по негово сопствено барање.

Судијата Туфегџиќ неодамна информираше дека неговата кариера ќе ја продолжи како адвокат во угледна адвокатска канцеларија.

Судскиот совет на денешната седница донесе и Методологија со индикатори за утврдување на сложеноста на судските предмети, констатираше престанок на судиската функција на Маринела Јакасановска од Основен граѓански суд Скопје поради исполнување на условите за старосна пензија, донесе одлуки за престанок на мандатот на судии поротници во основните судови во Берово и во Струга, а избра петмина нови судии – поротници во Основниот суд во Берово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18 лица приведени за непочитување на полицискиот час

Редакција

Владата ги разреши државните правобранители за Струга и Скопје

Редакција

Здружение на јавните обвинители: Заканите упатени кон Јовески се закана кон целата институција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница