еМагазин
Image default
Македонија

Судскиот совет парично казни двајца судии и запре две постапки против врховни судии

Еден претседател на Основен суд и еден судија во Основен суд се парично казнети поради нестручно и несовесно постапување во вршење на судиската функција, информираат од Судскиот совет.

Оттаму велат дека претседателот на Судот кој бил парично казнет не презел обврски предвидени со Законот за управување со движење на предметите во судовите и Судскиот деловник.

– Судскиот совет оцени дека претседателот на Судот сторил повреда со нестручно и несовесно постапување во вршење на судиската функција според Законот за судови и одлучи да биде казнет со 30 отсто од платата во траење од шест месеци, се наведува во сопштението од Судскиот совет.

Во врска со судијата од Основен суд се утврдило дека не постапувал по предмети во одделот за извршување санкции, а со тоа постапил спротивно на законските одредби, односно нестручно и несовесно ја извршувал судиската функција според Законот за судовите и е парично казнет со 15 отсто од платата во траење од шест месеци.

На денешната седница Судскиот совет одлучил и да запрат две постапки за утврдување одговорност кај два совета на Врховниот суд составени од по петмина судии.

– Советот одлучи дека не постои нестручно и несовесно постапување од страна на врховните судии. Исто така, постапката беше запрена и за еден судија од Основен суд, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Есенскиот бран „коси“ состојбата е сериозна и критична, од секој од нас зависи како ќе го надминеме ова

Редакција

Седуммина обвинети за настаните пред Собранието кои признаа вина, добија условни казни

Редакција

Братот на Усеини тврди дека багерот што вади песок од Охридското Езеро не е сопственост на „Нефи ИК“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница