Групацијата на производителите и преработувачи на месо при Стопанската комора побара да им се овозможи враќање на редовните количини за увоз на замрзнато месо.
Претседателот на Групацијата на производителите и преработувачи на месо при Стопанската комора, Гоце Трајчев истакна дека до сега компаниите од оваа индустрија не користеле субвенции за плати и за зачувување на вработените, а исто така помагале и во решавањето на проблемите на домашните производители на свинско месо, со откупот на вишокот.
Ако не се одобри зголемување на количините за увоз на замрзнато месо, Трајчев истакна дека ќе следува ценовен шок на производите кои се преработки од месо, како и намалување на производствените капацитети.
Фото: Photo by Kyle Mackie on Unsplash