еМагазин
Image default
Македонија

Обвинетиот Нинџа за настаните од „27 април“: Бевме искористени од УБК и ВМРО-ДПМНЕ, никој не ја знаеше режијата сите бевме статисти

Сите бевме искористени и изманипулирани од УБК и од дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Никој не ја знаеше режијата, сите бевме статисти, истакна денеска пред судот Александар Василевски – Нинџа, обвинет за настаните во Собранието на 27 април минатата година.

Додаде дека вистинските водачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ биле Спиро Ристовски и Кирил Божиновски и оти програмата за секоја нивна активност била пишувана во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оперативните податоци, како што рече Нинџа, кажуваат дека организаторите на „За заедничка Македонија“ биле исплаќани од ВМРО-ДПМНЕ.

– Јас само ги видов во партијата со Кирил Божиновски, но не можев да ги видам нивните џепови. Тогаш не знаев, а сега гледам дека сите тука присутни се искористени и изманипулирани од УБК и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ – рече Нинџа.

Никој од нас, додаде, не сакаше да се случи она што се случи на 27 април.

Нинџа сведочеше дека тој не го видел Сашо Марковски како со хируршки ракавици ги вади хард дисковите, а оти по 27 април му било кажано дека Марковски влегол во Собрание за да го следи Горан Живаљевиќ.

Рече дека Марковски му бил обезбедување на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, кој пак бил дел од патриотското здружение „Тодор Александров“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „27 април“: Обвинетиот Нинџа работел во УБК под псевдоним Самурај, имал и значка, пиштол и радиостаница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ објави нови плати од менаџментот на М-НАВ, на директорот на ФИТР и на Љубе Бошковски

Редакција

Димитров: Францускиот предлог ја билатерализира преговарачката рамка и не нè носи кон членство во ЕУ

Редакција

Државата продаде дел од имотот на Мијалков, ќе се продадат ли и неговите акции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница