еМагазин
Image default
Локално

Свекор се обидел да ја силува снаата во семејниот дом во штипско

Дваесет и седум годишна жена синоќа во штипската полиција пријавила дека нејзиниот свекор се обидел да ја обљуби. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение наведува дека жената случајот го пријавила синоќа во 20.15 часот.

„Жената пријавила дека околу 17.30 часот во семејниот дом, нејзиниот свекор од штипското село Лакавица со употреба на физичка сила и закани по нејзиниот живот се обидел да изврши обљуба, но таа успеала да побегне“, се вели во соопштението.

Свекорот е лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жичарницата на Водно од понеделник ќе работи до 18 часот

Редакција

Почината жена пронајдена во стан во Скопје

Редакција

Скопје без градски превоз, автобусите на ЈСП денеска не возат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница