еМагазин
Image default
Бизнис

Светски ден на штедењето: Граѓаните чуваат 4,5 милијарди евра во банките

Депозитите на населението во септември годинава изнесуваат 273,9 милијарди денари или 4,5 милијарди евра и бележат раст од 8,8 отсто во однос на септември минатата година, покажуваат податоците на Фондот за осигурување депозити, од каде што оценуваат дека граѓаните имаат доверба и ги чуваат парите во банките и покрај намалувањето на каматните стапки.

Повеќе од половина или 51,8 отсто од депозитите се во денари, а останатите 48,2 отсто се девизни. По видување се 51,1 отсто, а орочени депозити се 58,9 отсто.

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа во септември 2019 година се зголемени за 10,1 отсто, при евидентиран раст на кај двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЦГК: Прекршен законот за 68 отсто од договорите за јавни набавки поврзани со Ковид-19

Редакција

Во блок-трансакција преку Македонската берза продадени акции од „Скопска пивара“

Редакција

ЕСМ вработува над 500 лица, од државната компанија велат дека им фалеле работници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница