еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

За два дена две жртви на патот Штип-Кочани, СВР Штип со апел до учесниците во сообраќајот

За само два дена од Новата 2023 година на подрачјето на Полициската станица-Штип во сообраќајни несреќи загинаа две лица.

На првиот ден од Новата година загина 21 годишно момче од Скопско, а синоќа 37 годишен маж од Пробиштип во судир меѓу автобус и возило Опел астра, во кој бил сопатник.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција изјави дека возачот на автомобилот е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип. Панајотова истакна дека продолжуваат со засилени акциски контроли на патиштата, кои се на подрачјето на СВР-Штип.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот на крајна внимателност и одговорност, максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја прилагодат брзината спрема временските прилики (магла) и состојбата на коловозот, бидејќи секое непочитување може да заврши со сериозни и фатални последици, вели Панајотова.

Посочува дека лани на подрачјето на СВР-Штип загинале 14 лица, а идентичен е бројот на жртви во сообраќајни несреќи во овој регион и во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина во судир на автобус и автомобил на експресниот пат Штип-Кочани

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен жител на Пробиштип кој нападнал и се обидел да силува сограѓанка

Редакција

„Канал 5“ со детали за заболениот новинар, кај кого на интервју гостуваа Мицкоски и Заев

Редакција

Лани нови 904 вработени: Во јавниот сектор работат 132.088 лица, Македонци се 73,57, а Албанци 20,35%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница