еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО ја одобри кинеската „Синовак“, која во Македонија треба да пристигне во половина милион дози

Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри кинеската вакцина „Синовак Бајотек“ за итна употреба.

Во соопштението се наведува дека одобрувањето на СЗО претставува сигнал за регулаторните тела дека препаратот е безбеден и ефикасен, со што се овозможува вакцините кои ги одобрува СЗО да се најдат во глобалната програма Ковакс, која им обезбедува вакцини на сиромашните земји.

Процесот на анализа на техничката советодавна група на СЗО започна на 5 мај, а одлуката е донесена по анализите на најновите клинички податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината Синовак и постапката за производство во кинеската компанија.

Ова е втора кинеска вакцина која доби дозвола за итна употреба, откако препаратот на државната кинеска компанија „Синофарм“ доби „зелено светло“.

Вакцината од овој кинески производител во Македонија треба да пристигне во првите десет дена од јуни, во бројка од 500.000 дози, што е најмногу од сите досегашни вакцини.

На прашањето до македонските власти, зошто токму оваа вакцини се носи во толку големо количество, одговорот беше дека само таа била достапна.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети сега тврди дека не ја знаел локацијата на Груби, откако претходно рече дека бил на “албанска територија“

Редакција

(Видео) Трет подвиг летово: Марко Пејчиновски исплива 20 км од Радожда до Трпејца

Редакција

Да му помогнеме на колегата Саше Димовски повторно да прооди

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница