еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО ја отфрла можноста за повторна инфекција со коронавирусот

Појавените случаи на болни од Ковид-19 кои биле прогласени за излекувани, а потоа повторно имале позитивен наод, всушност се поврзани со клетките кои останале во белите дробови по излекувањето, информира Светската здравствена организација (СЗО).

Француските медиуми наведуваат дека тоа, се чини, ја отфрла можноста дека станува збор за повторна инфекција.

Пред неколку недели десетиците случаи со излекуваните јужнокорејски пациенти, кои имале позитивен наод, покренаа серија прашања и станаа причина за вознемиреност. Без да ги споменува јужнокорејските случаи, СЗО соопшти дека е информирана за овие пациенти.

„Во согласност со тоа што го знаеме, а врз основа на најновите податоци, пациентите, се чини, го исфрлаат материјалот што останал во нивните бели дробови, во рамки на нивното заздравување”, забележа СЗО.

„Треба систематски да ги собираме тестовите за да сфатиме колку долго посочените пациенти се носители на живиот вирус“.

Пред неколку дена Марија ван Керков од СЗО уверуваше дека мртвите клетки во белите дробови се причина за ваквите позитивни тестови.

– Не станува збор за заразен вирус, ниту за повторна инфекција или реактивирање. Тоа е дел од процесот на заздравување, рече таа.

Иако истражувањата покажуваат дека кај заразени лица се појавуваат антители три седмици по заболувањето, тоа не дава одговор на важни прашања – дали сме имунизирани по заразувањето со новиот коронавирус, а ако одговорот е да, до колкав степен и за колкав период?

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчки експерти: Песокот и морето не се опасни за заразување со коронавирусот

Од коронавирусот во Шведска починале 3.000 лица

Русија стана петта земја во светот по бројот на заразени од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се чувствува страв во воздухот од нова „корпа“ од ЕУ

Редакција

Македонија загуби голем човек: На 100 години почина академик Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на МАНУ

Редакција

Украина го повика Дачиќ да ги посети Киев и Буча, Русија го разбира притисокот врз Србија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница