еМагазин
Свет

СЗО ја продолжи светската здравствена вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) ја продолжи глобалната здравствена вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19 за уште три месеци, соопшти Комитетот за итни случаи на СЗО.

„Комитетот се согласи дека пандемијата останува во вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење и му понуди совети на генералниот директор,“ се вели во соопштението.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на брифинг истакна дека светот има начини да ја стави под контрола глобалната пандемија во следните месеци.

МИА/Фото: Photo by Ethan Wilkinson on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската економија со пад од 20%

Редакција

Русија отвара сопствена истрага за „провокацијата“ од Украина за Буча

Редакција

(Видео) Снимка која го обиколи светот: Украинец клекна пред руски тенк

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница