еМагазин
Image default
Свет

СЗО: Компаниите треба да си помагаат во производството на вакцини

Генералниот директор на Светска здравствена организција (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска ги повика компаниите да ги стават на располагање своите производни инфраструктури за да помогнат во производството на вакцини против Ковид-19.

„Ги поздравуваме сите производители кои се обврзаа дека своите вакцини ќе ги продаваат по одредена цена. Но, производителите можат да направат повеќе“, посочи Гебрејесус.

Тој на денешниот онлајн брифинг ја повтори својата молба богатите држави да ги поделат вакцините со посиромашните земји откако ќе ги вакцинираат здравствените работници и повозрасните луѓе.

„Но, исто така ни е потребно и големо зголемување на производството. Минатата недела Санофи најави дека нејзината производствена инфраструктура ќе биде достапна за поддршка за производство на вакцината Фајзер/БиоНтек. Ги повикуваме другите компании да го следат овој пример“, истакна Гебрејесус.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгија има највисока стапка на смртност од Kовид-19 во светот

Редакција

(Вознемирувачко видео) Израел нападна конвој од бегалци од северна Газа и уби неколку лица, меѓу кои и деца

Редакција

(Видео) Како се промени Киев за време на војната

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница