еМагазин
Image default
Македонија

СЗО: Македонија нема најголема стапка на смртност од Ковид-19 во регионот

Шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во земјава, Џихан Тавила изјави дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на бројките и статистиката за Ковид-19.

– Изјавата дека Северна Македонија има најголема стапка на смртност во регионот, навистина не е точна изјава.

Знам дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на националните бројки и статистиките. Тоа придонесува во регистрирањето и пријавувањето на секој смртен случај заради Ковид-19.

Јас знам дека Северна Македонија прави и пост-мортем тест за луѓето кај кои треба да се утврди причината за смртта, кога тоа не е јасно.

Тоа што можам да го кажам е дека треба да бидеме многу внимателни кога ги споредуваме земјите, заради можните разлики во начинот на кој се собираат податоците и тоа што го знаеме е дека податоците можат единствено да бидат ограничувања во обидите да се прават споредувања и нема секогаш иста конзистентност на податоците за смртните случаи меѓу земјите, истакна Тавила.

Додаде дека секој можен случај е регистриран, Северна Македонија ги следи правилата за регистрирање, а сите контакти со потенцијалните случаи или потврдените случаи се откриваат, тестираат, изолираат и третираат според потребите.

МИА/Фото: Факултет за ветеринарна медицина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

32,4% од заразените со корона вирусот во Македонија без симптоми

Социјалните мрежи „преплавени“ со барања за донирање на плазма од оздравени од корона вирусот

80,8 од починатите од корона вирусот во Македонија имале претходни заболувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична и притвор за скопјанец кој се борел за Русите во Украина

Редакција

Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на БЈБ, поради скандалот со службеното возило

Редакција

Одложени состаноците на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ на кои се очекуваше Заев да поднесе оставка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница