еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО прогласи крај на пандемијата со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на коронавирусот, откако денеска соопшти дека заразата веќе не е глобална здравствена вонредна ситуација.

Пред три години, на 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради коронавирусот, потсетуваат британските медиуми.

Ваквиот статус помогна меѓународното внимание да се фокусира на здравствената закана, како и да се зајакне соработката за вакцини и третмани.

Укинувањето на вонредната состојба е знак за напредокот што светот го постигна во оваа област, но коронавирусот сè уште е присутен, соопшти СЗО, иако тоа повеќе не претставува вонредна состојба.

Во меѓувреме, над 6,9 милиони лица починаа од последиците на коронавирусот.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска за „Независен“: Заев усно не извести за бизнисмените кои биле уценувани

Редакција

Убава вест: Оздравени нови 24 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 1.411

Редакција

Новогодишната кошница се зголеми од 650 на 900 производи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница