еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Пандемијата го покажа најдоброто и најлошото за што е способно човештвото

Пандемијата на Ковид-19 го покажа најдоброто и најлошото за што е способно човештвото. Ова денеска го изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус на прес – конференција по повод предлогот за воспоставување меѓународен договор за акција во идните здравствени кризи.

„Поминаа 425 дена од објавувањето на денешната пандемија,“ забележа Аданом.

Според него, во последните месеци низ светот се појавија нееднаквости, геополитички поделби, поткопана доверба во јавните институции и неподготвеност на соодветните системи.

„Светот не може да си дозволи да го чека крајот на оваа пандемија, за да започне подготовки за следната. Не можеме да продолжиме да го правиме истото како порано и да очекуваме нешто поразлично.

Ако не преземеме нешто, ќе останеме ранливи. Имаме проблем со споделување на податоци и технологии во областа на јавното здравство,“ рече Аданом.

МИА/Фото: Photo by Bruno Kelzer on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе стане ли Беса единствената партија на Албанците во опозиција, се поизвесно влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата

Редакција

(Видео) Најмалку 20 деца во Македонија настрадаа од „Супермен челинџ“, вознемирувачкиот предизвик на ТикТок

Редакција

Кој е Стојко Пауновски кој „не му се плаши“ на Заев: Што пишува во неговата професионална биографија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница