еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Речиси две третини од здравствените установи во Газа запреа со работа, убиени 65 медицински лица

Речиси две третини од здравствените установи во Газа престанаа да работат поради масовното и смртоносно зголемување на израелските воздушни напади на територијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Вкупно 46 од 72 здравствени установи, вклучително и 12 од 35 болници, престанаа да функционираат низ Газа, соопшти СЗО.

Палестинските здравствени власти соопштија дека недостигот на електрична енергија и гориво за генераторите поради израелската блокада, како и штетата од воздушните напади, принудиле многу објекти да затворат.

Здравствениот систем во Појасот Газа „доживеа целосен колапс поради израелската војна“, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кудра.

Тој рече дека 65 медицински лица се убиени, а 25 амбулантни возила се уништени во израелските воздушни напади од 7 октомври.

– Дванаесет болници и 42 здравствени домови беа принудени да запрат со работа. Стравуваме дека уште многу ќе прекинат со работа во наредните часови поради недостиг на гориво, изјави претходно портпаролот на Министерството за здравство во Газа.

– Деца, жени и старци сочинуваат околу 70 отсто од жртвите, рече Ал-Кудра, додавајќи дека околу 1.550 луѓе се пријавени за заробени под урнатините, вклучувајќи 870 деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Израел за неполни три недели уби повеќе Палестинци отколку во периодот од 2008 до 2022

Што е геноцид за што се обвинува Израел во Газа

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчитани на еМагазин за 2020 година: Конфекцијата „Кули“ од Прилеп нуди бесплатна изработка на медицински маски за заштита

Редакција

„Или двајцата ќе излеземе, или никој!”: 25-годишно момче го спасил соседот чијашто куќа изгоре во Тетово

Редакција

Вечерва e големото финале на ЕУРО 2020: Англија и Италија ќе играат за титулата европски првак во фудбал

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница