еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Сите вакцини се ефикасни против сите варијанти на Ковид-19

Вакцините што во моментов се достапни и одобрени засега се ефикасни против сите варијанти на вирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Додека здравствената состојба во Европа се подобрува, меѓународните патувања, сепак, сѐ уште треба да се избегнуваат поради „постојаната закана и новите неизвесности“, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа.

– Тоа е неизвесна закана, рече Кетрин Смолвуд, одговорна за вонредни ситуации во европскиот огранок на СЗО, велејќи дека „пандемијата не е завршена“.

Според СЗО, низ целиот регион што опфаќа делови од Централна Азија, бројот на нови случаи за еден месец опаднал за 60 проценти, од 1,7 милиони кон средината на април на 685.000 минатата недела.

– Одиме во вистинската насока, но мора да бидеме внимателни. Зголемената мобилност, физичката интеракција и собирите може да доведат до зголемен пренос во Европа, рече Клуге.

Покрај тоа, мерките за олеснување треба да одат заедно со зголемени напори за скрининг, редослед и вакцинација, додаде првиот човек на СЗО за Европа.

– Нема нула ризик, рече Клуге, додавајќи дека „вакцините можат да бидат светлост на крајот од тунелот, но тоа не смее да нѐ заслепи“.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Кој е Гркот Зорба, на чиј гроб во Скопје партнерката на Ципрас положи цвеќе

Редакција

Малинка Ристевска-Јорданова: Пратениците Македонци беа надгласани, опасен преседан, подржан од ЕУ

Редакција

Ќе реагираат ли бугарските власти и на списокот на Каракачанов?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница