еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари потврди дека имаат кадар за Министерство за здравство ако влезат во Влада, а шансите биле големи

Не е дефинитивно влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата, но шансите за тоа се огромни. Околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските решенија воопшто не разговаравме, изјави денеска лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

За кадровските решенија, како што посочи, ќе разговараат во текот на следните неколку дена.

„Се надевам дека во текот на денот и од Владата ќе информираат за работите за кои сме договорени. Воопшто не разговаравме за кадровските решенија, но се надевам дека деновиве кои се пред нас ќе го отвориме и прашањето за кадровските решенија.

Најмногу се задржавме на програмските определби на нашата партија и Владата и за работи кои треба да ги истераме заедно во периодот што останува до крајот на мандатот на оваа Влада. Станува збор за определбата на државата за евроинтеграции, закони за борбата против корупција, законот за влада и други закони,“ рече Таравари.

Тој додаде дека еден од ресорите за кои „имаат најдобри кадри“ е Министерството за здравство, но напомена, дека разговор за оваа тема воопшто не бил започнат.

МИА/Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инцидент во гостиварско Ѓурѓевиште: Пукал во соселани кои се враќале од погреб, едно лице полесно повредено

Редакција

Без разлика на ставот на Германија, во Македонија останува одлуката вакцината „АстраЗенека“ да се дава на лица над 60 години

Редакција

Девизните резерви во февруари околу 4,35 милијарди евра

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница