еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТЕЦ Осломеј се вклучи во производство на струја

ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52 часот и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем, информираат од ЕСМ.

-Термоелектраната ќе работи според планот за производство и потребите на конзумот.

Во ТЕЦ Осломеј во претходниот период се вршеа неопходни дополнителни ремонтни активности, особено на млиновите и каналите за јагленова прашина кои се најизложени на влијанието на користењето јаглен од различни наоѓалишта, (делумно од сопствен ископ, делумно набавен јаглен).

Застојот се искористи за санирање и на други помали дефекти воочени на останатите уреди и постројки во претходниот период кога термоелектраната работеше.

Целта на зафатите беше да имаме сигурна работа на капацитетот во грејната сезона, бидејќи станува збор за термоелектрана изградена пред 42 години, велат од ЕСМ.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Германска економска делегација во работна посета на „Aлкалоид“

Редакција

Струмичка “Кладилница со ладилник“ лани со намалена добивка

Редакција

ЕСМ нема да склучи договор со „Скопје Север“ ако нема исплата на стариот долг

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница