еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Телефонски броеви на тројца психолози за психолошка поддршка за онколошките пациенти

Министерството за здравство информира дека активно продолжува психолошката поддршка и советување на онколошките пациенти и во периодот со справувањето на коронавирусот во нашата земја.

Во соработка со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и Комората на психолози на Република Северна Македонија, пациентите можат во секое време да се јават на тројца психолози и доктор на следниве телефонски броеви за сите прашања, совети, препораки:

* 078/364-629 – Доктор од Клиниката е достапен секој ден во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

* 070/233-453 – Претседателката на Комората на психолози, Мирјана Јовановска Стојановска е достапна за пациентите секој ден во периодот од 12:00 до 17:00 часот.

* 071/218-050 – Психологот Александра Стефановска е достапна за пациентите секој ден во периодот од 15:00 до 18:00 часот.

* 070/494-973 – Психологот Елена Ѓорѓевска е достапна за пациентите секој ден во периодот од 17:00 до 20:00 часот.

* Секоја среда во 18:00 часот преку Zoom се активира групата за психосоцијална поддршка за онколошките пациенти.

„Минатата година, Министерството за здравство за првпат овозможи психолошка поддршка за онколошките пациенти –  која претставува една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. Правиме сѐ, пациентите подобро и побрзо да го надминат тој тежок период и во време на коронавирусот,“ информираат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Состојбата со корона вирусот од аспект на психолог: После фазата на гнев, ќе следи депресија па апатија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дијабетичарите бараат поголем буџет за инсулинска терапија

Редакција

Доктор Кунгуловски: Вакцинирајте се со првата вакцина против Ковид-19 што ќе стане достапна за да не умрете

Редакција

Минатата недела од Ковид-19 починале 9 лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница