еМагазин
Image default
Македонија

Заев и Борисов разговарале телефонски: Ќе продолжат да бараат решение

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска во телефонски разговор изразиле меѓусебно уверување дека ќе продолжат да разговараат и директно и преку владините претставници и тимови, со цел изнаоѓање заедничко решение за отворените билатерални прашања во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции, информираат од Владата.

Заев, како што информираат од владината прес-служба, во телефонскиот разговор со Борисов, најпрво му посакал добро здравје и брзо опоравување од коронавирусот, на што Борисов информирал дека се чувствува многу подобро и дека здравствената состојба му е стабилна.

Во телефонскиот разговор премиерите Заев и Борисов, како што се вели во владиното соопштение, размениле информации околу подготовките за претстојниот самит во Софија во рамки на Берлинскиот процес и договориле уште еден телефонски разговор за утрешниот ден, на кој ќе биде донесена одлука дали состанокот на премиерите на земјите од Западен Балкан во рамки на Самитот во вторник ќе се одржи со физичко присуство во Софија или целосно онлајн.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Милошоски му застарува делото за „Моќник“, судските трошоци ќе ги платат граѓаните

Редакција

АФП: Оставката на Заев носи нова неизвесност на балканската политичка сцена

Редакција

Нови 75 заболени од корона вирусот од 832 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница