еМагазин
Image default
Локално

Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Чегране

Безживотно тело на маж, попладнево е извадено од водите на Вардар на излезот од гостиварското село Чегране.

Според последните информации сè уште не е познат идентитетот на жртвата.

Во меѓувреме, местото го обезбедуваат полициски службеници и се врши увид на во близина на мостот, каде е забележано безживотното тело и се работи на утврдување на причините за смртта.

Мујдин Д. очевидец кој го забележал телото, за МИА рече дека од понеделникот често поминувал покрај местото, но не забележал ништо со оглед на високото ниво на водата.

Денеска околу 13 часот кога нивото на водата се спуштило, видел дека под мостот, има човечко тело по што го пријавил случајот. Тој посведочи дека телото било во фаза на распаѓање и во лоша состојба.

Во меѓувреме екипа на СВР Тетово работи на расветлување на настанот, а повикан бил јавен обвинител.

Се очекува да биде наредена обдукција по што ќе се зае идентитетот на починатиот и причините за смртта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападната 17-годишна штитеничка на домот во Тафталиџе

Редакција

Цела недела исчезнато повозрасно лице од штипско

Редакција

Договорот за парно кој треба да го потпишете со ЕСМ снабдување, поставен на интернет страната на компанијата

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница