еМагазин
Македонија

„Тенк“ на СЈО: Адвокатите на Јанкулоска побараа изземање на судијката Кацарска

Барање за изземање на судијката Добрила Кацарска побараа адвокатите од одбраната на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на почетокот на денешното рочиште во раздвоената постапка во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на „мерцедесот“ вреден 600 илјади евра.

Судијката Кацарска даде пауза од половина час за претседателот на судот, Иван Џолев, да се произнесе за барањето на адвокатите.

Адвокатите Сања Алексиќ и Боро Тасевски објаснија дека барањето за изземање се однесува на мислење добиено на 27 август од седум члена на Комисијата за заштита од дискриминација со кое таа го задолжува судот да ја отстрани веќе утврдената дискриминација во постапката.

За денешното рочиште предвидено е да бидат сослушани шест сведоци предложени од обвинителството. Судијката Кацарска на почетокот на судењето за овој случај закажа 23 рочишта за помалку од 40 работни дена.

На претходното рочиште беа сослушани вкупно седум сведоци предложени од Обвинителството, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитриевски до Ковачевски: Дали нашата цена за влез во Европската Унија ќе биде откажување од македонската држава!?

Редакција

Македонија ќе и донира на Украина ветровки, џемпери и ќебиња

Редакција

Надлежните збунети: Две лица вработени во кумановската болница по втор пат позитивни на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница