еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Tешко повредени возач и медицинска сестра од кочанската Брза помош и тешко болен пациент од Ковид-19

Возач, медицинска сестра и тешко болен пациент од коронавирусот од Кочани се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Крупиште.

Со тешки скршеници се примени во штипската Клиничка болница, но портпаролот Марина Шуманска вели дека по прегледот и поради сериозноста на повредите веднаш се хоспитализирани на трауматологија во Клиничкиот центар во Скопје.

Сообраќајната несреќа се случила околу 9.30 часот на регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Крупиште.

Според полицискиот увид, дошло до судир меѓу камион, кој работи на изградба на експресниот пат, и возилото на Итната медицинска помош од Кочани. При вадење на повредените од возилото на Брзата помош интервенирале и штипските пожарникари.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панојотова информира дека на оваа патна делница се случила и втора сообраќајна несреќа кај селото Уларци. Увидот е во тек, по што полицијата ќе информира за деталите околу несреќата, во која првично учествувале три возила.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иселеник од Делчево во Италија за својот труд награден со средба со Папата Франциск

Редакција

Повторно дојави за бомби во 13 училишта во Скопје

Редакција

Фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство, рече синот на пациентот кому му беше трансплантирано срце

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница