еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тестирање со брзи антигенски тестови за Ковид-19 од денеска на шест пункта во Скопје

Министерството за здравство информира дека од денеска на шест пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во поликлиниките „Ѓорче Петров“,  „Чаир“, „Ченто“, „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Млин Балкан“.

„Овие тестови се за детектирање на коронавирусот, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути. Брзите тестови ги закажува матичниот лекар, според претходно одреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од пет дена од почетокот до тестирањето.

Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на Светската здравствена организација (СЗО), а матичниот лекар според земената анамнеза прави процена дали на пациентот ќе му се земе брис за ПЦР тест или за антигенски брз тест“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку „Мој термин“.

Од Министерството напомнуваат дека и доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на Ковид-19, тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.

„Брзите тестови ќе го зголемат капацитететот за тестирање на коронавирусот. Министерството за здравство се труди за што поголем број на тестирања се со цел регистрирање на позитивните случаи и ниво навремено третирање и изолирање од околината.

Министерсвото за здравство континуирано ќе го зголемува капацитетот како на тестирање со ПЦР така и на тестирање со брзите тестови на територијата на целата држава“, информираат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидерите на ЕУ постигнаа договор, пакетот за закрепнување на економиите на земјите-членки е 1.824 милијарди евра

Редакција

(Видео) Меморија објави нова песна – колаж од „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј, налеј“ 

Редакција

Законот за амнестија во Собранието: Ќе го смени ли Владата ставот за насилниците?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница