еМагазин
Image default
Бизнис

Тетекс ја дуплираше добивката во првите девет месеци

Тетекс АД Тетово за периодот јануари-септември 2023 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

-Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 114.752 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови производи и стоки.

За тековниот период, во финансиските приходи се евидентирани приходите од примени дивиденди во износ од 77.688 илјади денари, додека минатата година истите изнесуваа 28.615 илјади денари.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември  2023 година изнесуваат 120.771 илјади денари, додека во истиот период во 2022 година изнесуваа 48.714 илјади денари.

Остварената добивка за периодот изнесува 40.378 илјади денари, а истиот период минатата година истата изнесуваше 18.267 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Згасна ќерката фирма на Тетекс – Петролгас

Тетекс повторно откупи сопствени акции

Тетекс стави имот под хипотека, кој вреди повеќе од 5% од вредноста на капиталот на Друштвото

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најпрофитабилни компании на берзата: Трите големи банки убедливо на врвот

Редакција

Продаден блок акции од „Скопски пазар“ за 1,9 милиони денари

Редакција

Управителот на т.н. дискотека „Пулс“, Карадакоски бил шанкер, газда бил Јованов, открива КОД

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница