еМагазин
Image default
Локално

Тетовец осомничен за 27 кражби: „Оперирал“ во возила, деловни објекти и продавници

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно расчисти и документира 18 тешки, 8 кражби и 1 обид за тешка кражба, за чие извршување се сомничи 38-годишниот тетовец Ј.Ц, против кого се изготвени и ќе бидат поднесени кривични пријави, информира МВР.

Ј.Ц. се сомничи дека во јуни, јули и август оваа година во Тетово насилно провалувал во возила, продавници, деловни и други објекти, од кои најчесто одземал парични средства, музичка опрема, компјутери и други предмети, противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на околу 525 илјади денари.

Најголемиот број од одземеното е пронајдено и веќе им е вратено на нивните сопственици, односно на оштетените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец пријавил дека класен раководител физички го нападнал неговиот 13-годишен син

Редакција

Во пожар изгоре куќа во Битола

Редакција

Супервештачењето не се призна, одложено судењето за родилката од Дебар која остана без органи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница