еМагазин
Image default
Локално

Тетовец за да не плати патарина користел „флешери“

Дваесетгодишник од Тетово бил фатен и казнет затоа што незаконски користел светлосен уред „флешер“ и звучен уред „хорна“ за да не плати патарина, информира СВР Тетово.

Тој го признал делото и ги отстранил уредите.

„Полициски службеници од Тетово вчера во 21 часот му изрекоа соодветна казна според Законот за безбедност во сообраќајот на Ш.С. (20), кој со возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички незаконски, со употреба на т.н. „флешери“ и хорна поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино. Ш.С. во службениот разговор го признал делото а т.н. „флешери“ се демонтирани“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од тетовската полицијата информираат дека МВР во соработка со Државниот инспекторат за транспорт  на 31 јануари и 1 февруари има изречено повеќе санкции за истото дело.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопските градоначалници најавија кривична за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена

Редакција

Почина 20-годишен радовишанец, му се слошило откако го уапсиле за поседување марихуана

Редакција

Оштетени надгробни споменици на гробиштата во Бутел

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница