еМагазин
Image default
Македонија

Теута Арифи не е кандидат за Вашингтон, тврди Заев

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи не е кандидат за амбасадор во Вашингтон, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој одговарајќи на новинарско прашање истакна дека Арифи е негова пријателка, ја поддржува во активностите како градоначалник на Тетово, се реализираат повеќе проекти, но таа не е ниту понудена како кандидат за Вашингтон, ниту пројавила интерес.

– За Теута Арифи воопшто не е разговарано. Таа е мој пријател, ја поддржувам, и помагаме во делот на Тетово, се реализираат проекти, развиваме сериозни големи инвестиции во Тетово, но таа ниту изразила желба, ниту некаде е понудена како кандидат, рече Заев.

Во врска со тоа до каде е проценудата за именување кандидат за амбасадор во Вашингтон, Заев рече дека има квалитетни кандидати, но се уште немаат консолидирана одлука.

-Знаете амбасадорската постапка прво е политичка, потоа е професионална. Министерот за надворешни работи разговараше и со претседателот и со мене и со други важни личности. Верувам дека во брзо време ќе најдеме решение. Вчера донесовме одлука за 21 кандидат и тоа е само дел од постапката, рече Заев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ги усвoи предлог-имињата за амбасадори на 19 дестинации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 193 болни од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 507 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Ќе има ли двотретинско мнозинство: Уставните измени во рацете на Беса

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница