еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Тим на македонската полиција ќе се грижи за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од пет полициски службеници кои во периодот од 11 до 18 јуни ќе бидат присутни во Букурешт, Романија.

„Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот.

На овој начин, Министерството за внатрешни работи ги потврдува професионалните капацитети на своите полициските службеници, како и својата европска посветеност, исполнувајќи ги притоа највисоките меѓународни безбедносни стандарди во обезбедување на значајни спортски настани од висок ризик,“ информираат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од март во Скопје: Обуки за вински ентузијасти на светски реномираната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци

Редакција

Каков имот пријавил Сафет Кадрии, еден од судиите кој ја пушти Јанева во куќен притвор

Редакција

Груевски демантира дека се „пазарел“ за измените на Кривичниот законик

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница