Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук-профил информираше дека посочува дека по телефонскиот разговор со неговиот бугарски колега Бојко Рашков, тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги.
-Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби. Нашите мисли и молитви се и со повредените. Од срце посакувам нивно брзо закрепнување и што поскоро враќање во нивните домови, напиша Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ